ХЗ „Д-р Трајче Нешковски“: Средношколци ги откриваа „тајните“ на мултикултурата
Гостивар 13 февруари 2024 – Дваесетина ученици од средните општински училишта се запознаваа меѓусебно низ свирење, готвење, и подготовка на вести за медиум, видео и радио продукција. Тие, два дена се дружеа со професионалци кои им пренесоа знаења од нивните области како дел од проектот „Убавината на мултикултурата како реален приказ на соживотот“, на хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“
Во рамки на дводневните активности средношколците посетија телевизиски студија. Освен што се запознаа со „тајните“ на новинарството имаа и можност сами да креираат вести на сите трите службени јазици во општината.
– На ваков начин тие укажаа дека во Гостивар треба да биде практикува тројазичното емитување на вестите, наведуваат од здружението.
Освен посетата во три редакции (TV Globi, Gostivarpress, mk, Radio G) учениците учеа и за создавањето на музика на еден практичен час што го одржа музичарот Драган Матески и влегоа во кујна на ресторанот „Пела“ и се запознаа со кулинарските вештини.
Впечатоците низ изјави ги искажаа и учесниците.
– Најмногу ми се допадна давањето на интервју посетата на студиото на Гостиварпрес – Ива
– Со првата игра се чувствував како во „пеколот“, но сепак и двата дена беа многу интересни и забавни. – Антонио Ристески
– Сè беше интересно, најголем впечаток ми остави песната и музиката, Red Hot Chilli Peppers ми е омилена музичка група – Борјан Јакимовски
– Беше многу добро, се социјализиравме и здруживме, имавме можност да го посетиме Радио G – Матео Серафимоски
– Многу убава атмосфера, различен начин на социјализација, добро се покажав во чукањето на тапан – Ангела Савеска
– Криво ми е што не присуствував вчера, сите ми кажаа дека сум пропуштил многу убави работи – Александар Билбилоски
– Беше супер интересно, научивме да готвиме нови јадења – Халиде Селмани
– Дружењето ми остави најголем впечаток – Албана Рушити
– Многу добро поминати 2 дена – Еданур Бешири
– Супер беше, најубав беше делот со музика – Сара Калгури
Коментарите се затворени.