СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со спротиставени ставови околу носењето на ДУП-от за блок 15
Гостивар, 17 февруари 2024 – По последната седница на Советот на општина на точката која се однесуваше на носење на ДУП за урбан блок 15 во партиските кругови и во јавноста се изнесоа спротиставени ставови и меѓусебни обвинувања. Општинската организација на СДСМ и општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ имаат различни погледи и објаснувања за уредувањето на просторот кој опфаќа дел од населбата Дутлок и на запад до излезот од Гостивар кон Маврово.
Заради објективноста и важноста на ова прашање ги пренесуваме партиските ставови од нивните соопштенија во целост. Во дел од коментарите може да прочитате и мислење на преставници на локалната самоуправа.
Реакција на ОО СДСМ објавена на Фејсбук профилот.
https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=798534572315213&id=100064760317234&mibextid=WC7FNe
На седница закажана и одржана за помалку од 24 часа, Вмро Дпмне и Алијанса за албанците изгласаа Детален урбанистички план за Блок 15.
Без никаков увид во документацијата, со кратко и штуро образложение од секторот за урбанизам на самата седница, Дпмне и Алијанса уште еднаш докажаа дека нивната коалиција совршено функционира кога станува збор за бизнис интереси, а меѓудругото ваквата постапка алудира и на предизборен поткуп.
Што се е предвидено да никне преку ноќ во населба Дутлок и што се крие позади најавата за изградба на “мост” кој е утврдено да се изгради со ГУП и без донесување на овој контраверзен ДУП?!
Зошто, ваквите одлуки, слично како и за катните гаражи кои се од интерес за пошироката јавност, наместо да се донесат во транспарентна постапка каде ќе бидат слушнати граѓаните, се носат со тајно преговарање помеѓу коалициските партнери во кој најголем бенефит имаат самите тие?!
Гостиварчани не заслужуваат да бидат жртва на неодговорен однос и одлуки кои се носат за помалку од едно деноноќие!!!
Во продолжение може да го прочитате и ставот на ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар изнесен во соопштението до јавноста кое го пренесуваме во целост од Фејсбук
https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=786478336855656&id=100064804896323&mibextid=oFDknk
Почитувани,
Паниката и нервозата која постои кај Социјалдемократскиот сојуз (СДС) Гостивар од ден на ден е се поголема и поголема. Свесни за својот рејтинг и она што ги очекува на 24-ти Април и на 8-ми Мај, СДС Гостивар продолжува со своите познати очајни манипулации и лаги, се со цел дефокус на јавноста од реалните проблеми кои ги засегаат сите граѓани во Република Македонија.
Во контекст на паушалното манипулативно соопштение на СДС Гостивар, многу битно е да се напомене фактот дека на ден 16.02.2024 година согласно известување број 21-426/3 е дадена писмена СОГЛАСНОСТ за ДУП Блок 15 од страна на Министерството за транспорт и врски каде што министер е г-дин Благој Бочварски (кадар на СДС) врз основа на претходно добиени позитивни мислења за ДУП за Блок 15 од сите надлежни владини институции (во најголем дел водени од кадри на СДС). Воедно заради новиот Закон за урбанистичко планирање а се со цел почитување во целост на законот, потребно беше до 18.02.2024 да се усвои ДУП за Блок 15 изработен врз основа на Генералниот урбанистички план (ГУП) донесен во 2016 година во кој се предвидува нов модерен мост на река Вардар кој ќе овозможи директно поврзување на населба Дутлок со државен пат А2 делница Гостивар (мост кај село Здуње) – Гостивар (наплатна станица).
Со оглед на фактот дека се приметува големата нервоза и паника кај СДС Гостивар која продуцира паушални манипулативни соопштенија без аргументи и факти, го повикуваме поединецот од СДС Гостивар (познат по личниот интерес, манипулацијата и непотизмот) кој де факто и де јуре е иницијатор и креатор на овие паушални манипулативни соопштенија, наместо да се крие позади партиските паушални манипулативни соопштенија и интернет портали, конечно да собере храброст и да се појави на ТВ ДУЕЛ со претставник номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар каде што ќе може јавно пред граѓаните да се дискутира за ДУП за Блок 15 и за сите други теми, бидејќи Гостивар и гостиварчани заслужуваат да ја слушнат вистината врз основа на факти и аргументи, наместо очајните лаги и манипулациите креирани од страна на СДС Гостивар.
П.С. Кој губи има право да се лути, но не да манипулира и лаже…
Коментарите се затворени.