„Пајак службата“ ќе ја работи приватна фирма

Гостивар, 6 март 2024 – ЈП „Градски паркинзи и зеленило“ планира да ја даде „пајак службата“ на приватна компанија. Предлогот беше изнесен на последната 32 седница на Советот на општина Гостивар.

Во образложението на точката на дневен ред посветена на усвојување на Инвестициската програма на ЈП „Градски паркинзи зеленило“ за период од 01.01. 2024-31.12. 2024 беше кажано дека подигнувањето на возила со специјално возило не било доволно ефикасно и создава загуби.

Претставникот на претпријатието пред советниците напомена дека биле направени анализи од кои како заклучок се дошло до идејата оваа служба да работи по принципот на јавно-приватно партнерство.

Освен оваа новина, во „Паркинзи и зеленило“ планираат да набават пофункционално и помодерно специјално возило, кое најверојатно ќе биде половно. За подобар ефект и наплата на паркирањето, предвидено е да се смени и софтверот за онлајн наплата.

згм

 

Коментарите се затворени.