Со акција за чистење, во Гостивар одбележан Денот на екологијата

Гостивар, 21 март 2024 (МИА) По повод 21 Март, гостиварската локалната самоуправа во соработка со повеќе образовни институции организираше акција за собирање на отпадоци од јавни површини низ централното градско јадро.

Зуди Џелили, раководител на Одделение за екологија кај општина Гостивар напомена дека целта на акцијата е подигање на свеста кај граѓаните од сите возрасни групи и категории за зачувување на животната средина и природата и грижата за јавната чистота.

Акцијата за чистење започна од пред општинската зграда, каде учесниците собираа отпадоци од тротоарите и зелените површини, по што поголема група го чистеше големиот парк. Акцијата беше поддржана од екипи на ЈП „Комуналец“ кои транспортираа кесите со собран отпад. Во акцијата покрај вработените во општинската администрација учествуваа вработени во општинските јавни претпријатија, училиштата, градинките НВО секторот и општинската организација на Црвениот крст.

згм

Коментарите се затворени.