Ема Нешковска: Почитувањето на различностите и прифаќањето на лицата со попреченост се основни принципи врз кои се темели секое здраво општество (ВИДЕО)

Гостивар, 19 април 2024 – Кандидатката за пратеник од ИЕ 6, Ема Нешковска оствари средба со родителите на деца со попреченост на која се разговарало за нивната положба македонското општество и за нивната вклученост во економскиот, културниот и општествениот живот во државата.

– До сега, сум покажала и докажала дека сум искрен пријател на лицата со попреченост, затоа што верувам во нивната искреност, ентузијазам и моќ да го менуваат светот на подобро. Искрено се борам и залагам, тие да се подеднакво активни учесници во општествените процеси и промени.

Ќе продолжам и понатаму да се залагам за подобрување на животот на лицата со попреченост преку примена на европски и светски мерки и практики. Да создаваме можности, а не ограничувања, рече Нешковска по средбата.

Таа напомена дека почитувањето на различностите и прифаќањето на лицата со попреченост како дел од човечката разноликост и борбата против дискриминација се основните принципи врз кои мора да се темели секое здраво општество. Тука може да го погледнете и видеото со порака на Нешковска која гласи: Обврската за подобра иднина е ветување од кое не смее да има отстапки!

https://www.facebook.com/1609004723/videos/437479415632839/

 

Коментарите се затворени.