Раздвижено во Горно Јеловце, се реконструира манастирската црква Св. Мина
Гостивар, 28 април 2024 – Деновиве во Горно Јеловце е раздвижено, благодарејќи на иницијативата која ја поведоа неколкумина чии корени влечат од ова Шарпланинско село. Иако е одамна иселено, ним зачувувањето на родниот крај на нивните дедовци и татковци им е предизвик. Подновувањето на црквата е само вовед во традиционалното празнување на претстојниот празник Ѓурѓовден.
На нивната Фејсбук група деновиве се објавени известувања и фотографии на кои се гледа дека е започната реконструкцијата на манастирската црква на влезот од селото.
– Почитувани горнојеловчани, драги пријатели сакаме да ве известиме дека на празникот Лазарова сабота започнаа градежните работи и реконструкција на манастирот Св. Мина. Сите добронамерни соселани и пријатели се добредојдени во кругот на манастирот да ја зголемат радоста и среќата на сите нас, стои во објавата.
Во последната објава со честитката за празникот Цветници, иницијативниот одбор јавно им се заблагодарија на мајсторите, кои години наназад работат во Бигорскиот манастир и добронамерниците кои дојдоа да помогнат.
– Ви го честитаме големиот празник Цветници. И денес, мајстор Ардит и неговата тајфа напредуваат во реконструкцијата. Им се заблагодаруваме на неколкумината кои денес дојдоа да помогнат во расчистување на просторот околу манастирот и појатата, наведуваат од иницијативниот одбор.
Коментарите се затворени.