Фаворити издадоа нова песна и видеоспот „Молитва за Македонија“ (ВИДЕО)

Гостивар, 9 мај, 2024 – По најавите дека ќе издадат нова песна пред Велигендските празници, оркестарот Фаворити бенд го исполнија ветувањето. Новата песна со наслов „Молитва за Македонија“ ја направија: Златко Бошковски (музика), Драган Матески (текст) и Љупчо Соколовски-Бубе (аранжман). Снимањето и продукцијата се направени во Сити саунд на Љупчо Соколовски.

– Драги наши Македонци, во пресрет на нашиот најголем Христијански празник ВЕЛИГДЕН, ни претставува огромно задоволство да ви ја претставиме нашата најнова песна и спот „Молитва за Македонија“. На проектот беше работено со многу љубов, труд и посветеност за да создадеме едно безвременско дело за целата Македонска нација што ќе ни остане за век и векови. Се надеваме дека ќе Ви се допадне и дека ќе уживате, пишуваат од Фаворити бенд во објавата.

Овој квинтет од Гостивар, кој, освен во полошко познат е по настапите на семејните веселби и пошироко, веќе го привршува со прибирање на материјалот за првиот албум. Новата песна има и видеоспот кој се снимаше пред Велигденските празници и е комплетно дело на Небојша Нено Петрески и неговото ProCam studio.

Од Фаворити упатија и јавна благодарност до сите кои придонеле за да се реализира видеоспот: Црковниот одбор на манастирот „Света Богородица“ од село Галате, Андреа Данилоска, ГАКУД Браќа Ѓиноски – Гостивар, Нено Петревски – Про-кам студио, Андријана Јаневска, Гоце Димовски – Синтезис, Љубчо Соколовски

Погледнете го видеоспотот.

 

 

Коментарите се затворени.