„Отворен ден“ во ОСТУ Гостивар, голема заинтересираност за стручно образование

Гостивар, 28 мај 2024 – Во општинското средно техничко училиште (ОСТУ) денес беше организиран „Отворен ден“. Учениците заедно со нивните наставници ги претставија стекнатите знаења и вештини со кои се стекнале. На гостите и идните средношколци на инвентивен начин им беа претставени програмите за седум насоки со вкупно 15 образовни профили.

Новина е што во ова средно училиште од ќе има и нова струка „текстилен техничар“, односно ќе се учи како да се креира и изработува облека. ОСТУ инаку има обезбедено и практична настава за сите ученици.

Реализацијата е овозможена со склучени меморандуми за соработка со 70 локални компании, а доколку се остварат плановите од идната година, партнер ќе им биде и германскиот автомобилски гигант „БМВ“.

ОСТУ со години наназад е едно најпосакуваните стручни училишта и се прв избор на завршените основци. Radio G беше на „Отворениот ден“ и низ фоторепортажа ви пренесува дел од атмосферата.

Во оваа образовна институција последниве четири години се инвестирани повеќе од два милиони евра. Тоа овозможи и зголемување на бројот на да се зголеми за двојно. Настава посетуваат над илјада ученици, која ја спроведуваат околу 150 наставници.

Коментарите се затворени.