Отворена првата сувенирница во Гостивар
Гостивар 24 јуни 2024 – Со пригодна свечност вечерва беше отворена првата градска сувенирница и информативен туристички центар во Гостивар. Нејзината намена покрај продажба на сувенири, давање на дополнителни информации корисни за престојот на туристите во градот и околината, ќе биде и прибирање на средства за центарот за аутизам.
Претседавачот на Советот, кој од скоро ја извршува должноста градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани на свеченото отворање искажа задоволство што се реализира уште една идеја која го промовира градот.
– Оваа продавница стана реалност со одлука на Советот на општина Гостивар. Освен што ќе им користи на странските и домашните туристи да купат сувенири и подароци, на ова место може да добиваат и информации за градот и околината. На семејството Садику кои ќе ја управуваат оваа продавница им посакувам успешна работа, рече Лимани.
Првиот човек на „Нани принт“, Ќенан Садику, на отворањето напомена дека 50 проценти од профитот од продажбата ќе оди во центарот за аутизам „Блу пазл/Blue Puzzle“ и како што рече, дека уште една идеја која го промовира нашиот град, станува реалност.
За Ваљон Емини од центарот за аутизам „Блу мозаик“, одлуката да се издвојуваат половина од средства од продажба се повеќе од финансиска поддршка и според него тоа е вистински чекор за подигање на свеста и на овој начин се многу моќна порака.
Зборови на поддршка искажаа и Аријан Руфати претседателот друштвото на ликовни уметници „Драудакум“ и претставник на гостиварсското муфтиство.
Новотоврената сувенирница е сместена во барака која се наоѓа во непосредна близина на Центарот за култура „АСНОМ“ на булеварот „Браќа Ѓиноски“.
Коментарите се затворени.