ЈП „Комуналец“ доби на „подарок“ 50 контејнери од тетовските колеги
Гостивар, 4 јули 2024 – Донација од педесет контејнери за собирање комунален отпад стигнаа денес во магацинот на ЈП „Комуналец“. Станува збор за помош која дојде од соседната општина, поточно од комуналното претпријатие „Тетово“.
Информацијата преку социјалните мрежи ја пренесе директорот на ЈП Комуналец, Зеадин Нуредини. Тој искажа и благодарност до тетовскиот колега Самет Бислими пружената помош.
– Во мое лично име и во име на нашето претпријатие изразувам срдечна благодарност до ЈКП „Тетово“ и директорот Самет Бислими за донацијата на 50 контејнери за отпад. Вашата поддршка ја цениме како пример за добра соработка меѓу нашите општини. Ви благодариме за партнерството и заложбата за подобрување на јавната хигиена во нашите населени места, напиша Зеадин Нуредини, директор на ЈП „Комуналец“ во Гостивар.
Според првиот човек на гостиварското комунално претпријатие, оваа количина на контејнери значително ќе ги подобри условите за подигање на смет и позитивно ќе влијае во подобрување на хигиената во градот во овој период.
Коментарите се затворени.