Турскиот амбасадор Фатих Улусој во работна посета на Гостивар

Гостивар, 25 јули 2024  – Амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој при посетата на општина Гостивар најави продлабочување на соработката и заеднички проекти кои би се реализирале во иднина. Со амбасадорот се сретнаа и претставници локалната самоупрва од турската заедница.

На средбата со вд градоначалникот Ваљбон Лимани била потврдена подготвеноста за активна и отворена билатерална соработка, а се разговарало и за развојни проекти.

Амбасадорот Улусој и градоначалникот Лимани оценија дека досегашната соработката и партнерство кое Гостивар го има со збратимени општини од Турција е на високо ниво и се заложија за создавање поцврсти врски.

– Освен за соработката што досега ја имавме како општина Република Турција и збратимените општини, со тимот на амбасадорот што го придружува ги разгледавме и можностите за соработка. Од оваа средба треба да се отвора можности за соработка со турската државна агенција „ТИКА“, но и други организации кои се присутни во Република Северна Македонија, изјави по средбата Ваљбон Лимани, в.д. градоначалник на општина Гостивар.

Амбасадорот Улусој истакна дека покрај разговорите за проекти оваа средба ја искористил за да се запознае и со положбата и потребите на припадниците на турската заедница која живее во Гостивар.

– Имаме добри врска со Северна Македонија и благодарение на тоа во Гостивар реализиравме многу проекти. Планираме и во иднина така да биде. Тука живеат и значителен број Турци и разговаравме и нивните потреби, изјави Фатих Улусој, амбасадор на Република Турција во РСМ.

Во делегацијата на амбасадорот во Гостивар беа и неговиот заменик, Мустафа Бодур, советникот за верски прашања Мухамед Челикаја, координаторот на ТИКА Мехмет Бајрак и координаторот на Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Ариф Конак.

згм

 

Коментарите се затворени.