ОО СДСМ Гостивар иницираше празнично боење на монументот на кејот
Гостивар, 8 септември 2024 – Умно е да ги исцртуваме државните симболи за најважните државни празници. Честит празник Македонијо, од срцето на Гостивар, со овие зборови советничката Ема Нешковска го честиташе денот на државната независност. Таа на Фејсбук профилот стави и фотографии на кои се гледа обележјето кое се наоѓа на кејот, пригодно бојосано со мотиви на државното знаме.
– Во чест на најголемиот државен празник, денот на независноста на Македонија, во ОО СДСМ инициравме да се исцрта македонското знаме на гостиварското срце. Сметам дека ваквите важни денови од историско значење, со кои се поставени темелите на самостојност и независност на македонската држава, треба да не обединуваат и да ги минимизираат сите поделби помеѓу нас како народ, кои за жал постојат по разни основи, рече членката на советот на општина Гостивар од редовите на СДСМ, Ема Нешковска.
Коментарите се затворени.