Двајца загинати во сообраќајна несреќа близу Гостивар

Гостивар, 12 септември 2024– Две лица починале од повреди здобиени во сообраќајна несреќа која се случила вечерва на магистралниот пат Гостивар – Кичево, близу Гостивар. Заради увид на местото, собраќајот во два правци е во прекин.

Вечерва во 21:20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа со тешки последици, информираа од СВР Тетово.

– Во несреќата дошло до судир помеѓу  патничко возило ,,БМВ” со регистерски таблици од Демир Капија, управувано од Б.Х.(54) од Гостивар и влекач ,,Сканија” со косовски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Косово. Во незогодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Х. кој починал на лице место и сопатникот Т.Р.(53) од Гостивар кој по незгодата е префрлен во ургентен центар во Гостивар каде им подлегнал на повредите. Возачот на влекачот се здобил со телесни повреди. Увид на лице место врши екипа од ОВР Гостивар заедно со Јавен обвинител, изјави портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи.

Реџепи посочи дека додека трае увидот, сообраќајот се пренасочува по околните патни правци и локални патишта.

згм

Коментарите се затворени.