Акција за отстранување на хаварисани и напуштени возила од улиците и јавните површини

Гостивар, 26 септември 2024 – Комуналната инспекција денес започна со акција за отстранување на хаварисани и возила кои подолг период се оставени на улица и јавни површини низ Гостивар. Од општина Гостивар информираат дека во текот на денот инспекторите на повеќе локации низ градот залепиле известувања.

 

– Акцијата е насочена кон подобрување на условите за подобро одвивање на сообраќајот и ослободување на паркинг места. Првично, се лепат известувања за отстранување на автомобилите, а во случај да не се преместат во рок од 3 дена, надлежните служби ќе ги отстранат, наведуваат од службата за информирање во општина Гостивар.

Од општината посочуваат дека на повеќе локации, има возила кои подолго време не се користат или нивните сопственици ги оставиле на паркинзи, тротоари и зелени површини.

згм

Коментарите се затворени.