„Шар Планина“ нов кошаркарски клуб од Гостивар
Гостивар, 4 август 2025 – Во првиот град на Вардар регистриран е нов спортски клуб кој од наесен ќе дебитира во натпреварувачката сезона во кошарка. Раководството на клубот нè информира и потврди дека ги завршило формалности за регистрација и дека се пријавиле за играње во најнискиот ранг (трета лига или популарно неречена аматерска) под покровителство на КФМ.

Името на клубот е „Шар Планина“, а неговото формирање е иницирано од неколкумина вљубеници во во кошарката, еден од најпопуларните спортови во Гостивар
– КК „Шар Планина“ е кошаркарски тим создаден од група локални ентузијасти, љубители на играта под обрачите. Овој проект претставува искрен обид да се врати жарот за спортот таму каде што отсекогаш припаѓал во најкошаркарскиот град во Македонија. Нашата визија е да изградиме тим кој ќе биде симбол на посветеност, локален дух и сплотеност. Со труд, страст и верба во играта, целиме повисоко, за градот, за кошарката, за заедницата.
Според информациите новиот клуб ќе го води Славиша Јанески – Цаци. Овој гостиварец со повеќе годишна кошаркарска кариера ја прифатил улогата на тренер и во наредниов период да го состави ростерот. Како играчи со устен договор за настап во новиот тим најавиле гостиварци кои сè уште активно играат, но ќе има и млади таленти. Планот на раководството е во овој период да го формира костурот од играчи и од идниот месец да започне со подготовките. Ако се земе предвид дека натпреварувачката сезона треба да започне во октомври, извесно е наскоро во една од спортските сали да го видиме составот на новопечениот третолигаш.
Во очекување да добиеме покана за првиот собир на новата кошаркарска екипа, ќе упатиме честитка и искрени желби за спортски успеси.

Коментарите се затворени.