ГАКУД Браќа Ѓиноски: Празничен концерт по повод 2 Август – Илинден

Гостивар, 2 август 2025 – Во склад со традицијата за одбележување на Илинден, Градското културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ синоќа одржа целовечерен концерт. Годинава по шести пат во предвечерието на големиот празник на големата сцена во домот на културата „АСНОМ“ членовите на друштвото ќе изведат пригодна програма. Во неа покрај редовниот репертоар имаше понови кореографии на традиционални игри и песни. Според зборовите на претседателот на друштвото, Предраг Ристески, овој концерт е придонес кон одбележувањето на државотворниот празник и потсети дека првиот Илинденски концерт, ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ го одржа во 2019 година.

Летната концертна сезона најстарото културно уметничко друштво во Гостивар ја започна со славеничкиот концерт по повод 75 години постоење. Следуваа настапите на Меѓународниот фолклорен фестивал „Рудина фест 2025“ и на Тетовско културно лето. Потврдено е и учеството на Етно кампот во Охрид (од 3 до 8 август) и гостувања во странство.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar