Од коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) во Гостивар очекуваат дека изборите да завршат во првиот круг
Гостивар, 3 септември 2025 – Во рамките на предизборните активности, подмладоците и форумите на жени кои се дел од коалицијата Национална алијанса за интеграција денес организираше прошетка низ Гостивар. Во неа учествуваа кандидатот за градоначалник, Валбон Лимани, и носителот на листата за советници, Валдет Џафери.

Првиот човек на огранокот на ДУИ во Гостивар и носител на листата на советници, Валдет Џафери изјави дека изборниот процес во Гостивар ќе заврши уште на 19 октомври.
– Тоа е возможно благодарение на поддршката што ја добива коалицијата „НАИ“ и тоа како резултат се пресликува сите анкети и атмосферата која владее, рече Џафери. Тој на новинарско прашање за тоа како се надминати разликите помеѓу доскорешните политички ривали, напомена дека коалицијата е формирана за да ги обедини Албанците, како што тоа било пред 2001 година.
Кандидатот за градоначалник Ваљбон Лимани смета дека ќе ги искористат овие средби со граѓаните низ градското подрачје и занаетчиите и од прва рака да се слушнат нивните барања и потреби.

– Оваа прошетка е само почеток на активностите кои ќе се интензивираат во наредниот период. Нивната цел е директно да се слушнат потребите на граѓаните и врз таа основа да се изгради изборната програма, рече Лимани.
Пред некој ден, претставници на партиите кои ја сочинуваат коалицијата имаа средба на која ги утврдија принципите и учеството на изборите.Кандидатури за градоначалник на општина Гостивар најавија и од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ, со Себаеден Даути и како независен, Висар Адеми.

Коментарите се затворени.