Мартин Андоновски носител на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ

Гостивар, 11 септември 2025 – Мартин Андоновски ќе ја предводи листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар на претстојните избори.

Тој на Фејсбук-профилот напиша:

„На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се потврди победничката советничка листа за претстојните локални избори во Гостивар. Ја имам честа да ја предводам листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, која е составена од голем број докажани личности, луѓе кои си го сакаме градот, луѓе кои чесно и достоинствено ќе ги браниме интересите на сите жители на нашата општина.

Андоновски за довербата им се заблагодари на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Гоце Димовски, членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, до Унијата на млади сили, месните комитети и целата партиска структура.

– Ветувам многу работа, ветувам искрен и чесен пристап, директна комуникација со сите граѓани и решенија за проблемите. Заедно ќе ги решаваме проблемите и заедно ќе направиме многу проекти кои ќе го направат Гостивар поубаво место за живеење, напиша во објавата.

Мартин Андоновски е претставник на помладата генерација истакнат член на партијата. Тој во моментов ја извршува функцијата генерален секретар на УМС на ВМРО ДПМНЕ.  Кој ќе се најде на листата со 23 имиња, засега не е познато, но се очекува да има и членови на коалициските партнери.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar