Тројца партиски и еден независен кандидат за градоначалник на општина Гостивар
Гостивар, 15 септември 2025 – Во трката за градоначалник на општина Гостивар до законскиот рок се пријавени тројца кандидати кои имаат партиска поддршка и еден како независен. Највозрасен е Себаедин Даути, а најмлад Дарко Грујоски, а по професија: правник, ИТ инџенер, лекар специјалист, и универзитетски професор. Според известувањето на ДИК, на гласачкото ливче во првиот круг ќе се најдат:
Кандидатот на група избирачи, ВИСАР АДЕМИ (50).

Кандидат на ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА е ДАРКО ГРУЈОСКИ (35).

ВАЉБОН ЛИМАНИ (45) е адут на коалицијата на ДУИ и АА (НАЦИОНАЛНА АЛИЈАНСА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА – НАИ).

Кандидат за градоначалник е и највозрасниот, СЕБАЕДИН ДАУТИ (60), тој е предлог на КОАЛИЦИЈА ВЛЕН-ВРЕДИ

Коментарите се затворени.