Левица го кандидира Дарко Грујоски за градоначалник на Гостивар
Гостивар, 13 септември 2025 – Со објава на социјалните мрежи, Дарко Грујоски ИТ инженер ја потврди кандидатура за градоначалник на Гостивар од редовите на политичка партија Левица. Тој објави фотографија на која се ракува со лидерот Димитар Апасиев и наведува делови од неговата програма.

– Гостивар заслужува чесно и транспарентно раководство, ослободено од партиски вработувања, корупција и криминал. Нашата цел е да изградиме град во кој младите ќе остануваат, а не ќе заминуваат. Ветувам борба против урбан хаос, узурпирани тротоари и селективна правда. Заедно ќе создадеме Гостивар по мерка на граѓаните, а не на партиските елити, пишува Грујоски
Тој во објавата наведува: „Време е за правда, ред и сигурност. Време е за Левица во Гостивар. Ви ветувам дека ќе бидам глас на народот, а не на олигархијата. Заедно ќе го вратиме достоинството на нашиот град!
Коментарите се затворени.