Гостиварски „Комуналец“ доби уште еден камион за собирање отпад
Гостивар, 17 септември 2025 – Капацитетот на ЈП „Комуналец“ од Гостивар се подобри со дополнување на возниот парк со уште еден специјализиран камион за подигање и транспортирање на комунален смет, информираат од општина Гостивар. Со оваа вложување, како што наведуваат од локалната самоуправа, се зајакнуваат оперативните капацитети и значително се подобруваат услугите на претпријатието.

– Ова современо возило овозможува побрзо, побезбедно и поефикасно собирање на отпадот од градското подрачје и околните населби. На тој начин се придонесува за поголема чистота и заштитата на животната средина, се наведува во соопштението од службата за информирање на општина Гостивар.
Оттаму посочуваат дека е станува збор реализирано ветување на градоначалникот Ваљбон Лимани, кој претходно најави збогатување на возниот парк на ЈП Комуналец. Ова е втор камион набавен во кус период со поддршка на локалната самоуправа.
Коментарите се затворени.