Андоновски: Имаме план и програма за Гостивар, за почист град, за безбедни улици, за сигурна вода, модерна инфраструктура (ВИДЕО)

Гостивар 29 септември 2025 (МИА) – Мартин Андоновски, носител на листата за членови на совет на општина Гостивар од коалицијата „Твоја Македонија“ на почеток на изборната кампања во своето обраќање денес посочи дека еден од приоритетите е заложбата на идните советници на чистотата и хигиената во градот
– Гостивар заслужува чисти улици, уредни јавни простори, сигурна вода и безбедни улици за сите. Градот има предизвици со сметот, канализацијата и кучиња на улиците. Но, секој предизвик има и решение, а ние имаме план и програма како да го решиме, рече Андоновски.


Тој се осврна и на проблемите со водата за пиење, за како што рече, таа мора да биде сигурна и чиста, а секоја населба да има соодветна канализациска инфраструктурна мрежа. Носителот на листата од предводена од ВМРО ДПМНЕ, се заложи за воспоставување на системско решение за хуман третман и намалување на бројот на кучиња на улиците.
Андоновски се осврна на работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека покажа како централната власт помага на локалната.
– Гостивар не беше заборавен. Без разлика на партиска, етничка или пак национална припадност, оваа Влада работи за секој еден од нас, рече во обраќањето
Андоновски ја побара поддршката од гостиварци и кажа дека имаат план и програма како да ги решат барањата на граѓаните за како што нагласи, почист град, за безбедни улици, за сигурна вода, модерна инфраструктура и повеќе простор за сите.

Видео од обраќањето на Мартин Андоновски може да се погледне тука

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar