Мартин Андоновски: Ќе бидам вашиот пријател во советот, постојано достапен и отворен за соработка
Гостивар, 7 октомври 2025 – Носителот на листата за членови на советот на општина Гостивар, од коалицијата „Твоја Македонија“ ВМРО ДПМНЕ, Мартин Андоновски во обраќањето пред сограѓаните даде ветување дека ќе биде достапен, отворен за соработка и гласот на секој оној што ќе се обрати со предлог, иницијатива или потреба.

– Ќе помогнам секогаш кога тоа е можно и ќе бидам тука за сите вас. Сакам да порачам, овие избори се избори во кои, треба да одлучиме, дали ќе избереме квалитет, чесност, стручност и посветеност, или ќе останеме во состојба на стагнација и безидејност. Знаеме зошто сме тука и знаеме чии интереси треба да браниме. Заедно, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина, можеме многу повеќе. Доаѓа од генерација на политичари кои немаат никаков багаж и сенки од минатото. Излегуваме пред вас со чиста совест, високо крената глава, барајќи доверба која никогаш нема да биде изневерена.

Андоновски ги повика гостиварци без разлика на национална или верска припадност, да го заокружат бројот 9, да ја поддржат советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
На митингот во центарот за култура АСНОМ зборуваше и Дафина Стојаноска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, посочувајќи дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, повторно почнува да гради од темел – онаму кај што другите оставиле пепел. Стојаноска се осврна и на противниците од СДСМ и Левица.

– Морав да го кажам ова за нив – за гостиварчани да знаат дека Димче не е патриот, туку е платеник кој одработува туѓи агенди. Одработува за Али и гласот за Димче во Гостивар е глас за Али, рече Стојановска
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на 19 октомври да излезат и да гласаат за број 9 за подобра и достоинствена иднина.
-Многу е важно да излезете на избори и да гласате. Македонија е исправена и подготвена да оди напред! Нема поголема сила од народот кој верува, од народот кој знае што сака и кој знае дека иднината е во негови раце. Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете што сака подобро училиште, за секој млад човек што сака работа и останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин, нагласи Мицкоски.

Во салата во Центарот за култура АСНОМ, присутвуваа и беа поздравени преставниците на коалциските партнери на ВМРО ДПМНЕ од ВЛЕН, министерот за здравство, Азир Алиу и кандидатот за градоначалник Себаедин Даути.

Коментарите се затворени.