Од денес во гостиварската болница ќе се изведуваат ортопeдски операции

Гостивар 15 октомври 2025 (МИА) – Од денес во гостиварската општа болница започна изведувањето на операции на ортопедскиот оддел. Тим од клиниката ТОАРИЛУЦ – Скопје во наредниов период ќе работи со гостиварските лекари со што, како што беше кажано на прес конференцијата, ќе се овозможи идните пациенти да не патуваат и да се лекуваат поблиску до дома.

Министерот за здравство Азир Алиу при постета на болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар напомена дека новите узлуги кои ќе се воведат се огромен чекор напред во здравствената заштита на заедницата.

– Денес сме тука за да објавиме дека веќе неколку услуги, оперативни услуги кои ги немало досега, за првпат ќе се користат во оваа болница. Министерството креира соодветна инфраструктура и инвестирање во опрема, но и човечкиот фактор. Затоа денес тука заедно со докторите од Гостивар работат нивни колеги од Клиничкиот центар ТОАРИЛУЦ од Скопје. На тој начин тие вештини кои треба да ги има секој доктор за одредени услуги да можат да ги пренесат и на локално ниво, во овој случај, на секундарното здравство, рече министерот Алиу.

Тој кажа дека целта на оваа влада е здравството да се приближи до граѓаните и оцени дека за брзо време во Македонија ќе има соодветни европски услови за здравството.

Директорот на клиниката ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски кажа дека на првиот ден се зкажани пет операции и тие ќе се изведат во новата операциона сала и напомена дека условите се најдобри во гостиварската болница.

– Денеска е историски ден за гостиварската болница. За првпат овде започнуваат операции на ортопедскиот оддел, што е огромен чекор напред во здравствената заштита што ја нудиме на нашата заедница. Со отворањето на овој оддел, граѓаните на Гостивар и околните места веќе нема да мораат да патуваат далеку за квалитетни ортопедски услуги. Пациентите ќе добиваат сигурни и современи услови за лекување, а нашите лекари и медицински сестри ќе можат да го покажат своето знаење и посветеност во најдобри услови, рече Мерџаноски.

Тој нагласи дека здравствените работници од Гостивар ќе имаат целосна поддршка од Клиниката ТОАРИЛУЦ – Скопје, државната болница за ортопедија, која ќе обезбедува експертска помош, обука и стручна консултација од самиот почеток.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar