КК „Шар Планина“ со деби пред домашната публика

Гостивар, 30 октомври 2025 –  Третолигашот КК „Шар Планина“ во понеделник (3.11.2025) ќе го игра првиот натпревар како домаќин. По премиерната победа во гости, на домашен терен ја пречекуваат екипата на КК „Дибра Иглс“ од Дебар.

Од стручниот штаб на гостиварскиот третолигаш велат дека овој меч ќе биде добар тест за екипата, бидејќи се работи за клуб кој неколку сезони е тврд противник во третата лига.

– Мечот поради технички услови овој пат ќе се одигра во спортската сала „Младост“ а следните натпревари ќе играат во салата на ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“, наведуваат од клубот.

Екипата на „Шар Планина“ ги повикува сите љубители на спортот и кошарката да дојдат во што поголем број и да дадат поддршка за нова победа.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar