Новиот состав на општинскиот совет го започна мандатот

Гостивар, 31 октомври, 2025 (МИА) – На пригодна свеченост во салата на советот на општина Гостивар, беа врачени уверенијата на кандидатите за членови на советот кои добија мандати на последните локални избори. Овој состав ќе биде помалуброен од претходниот заради резултатите од пописот и помалиот број на население, па наместо досегашните 31, општинскиот совет ќе брои 23 членови.

Уверенијата ги врачи претставник на ДИК и на сите им посака успешна работа. Според податоците од ДИК, во Гостивар листата на НАИ освои 12.750 гласа, ВМРО-ДПМНЕ 4.982, Влен 3.127, ДПТМ 2.665 и СДСМ 1.169 гласа. Останатите партии кои имаа свои советнички листи за гостиварскиот совет добија помалку гласови од минимумот и не влегуваат во Советот.

Според мандати, најмногу места (12) има коалицијата НАИ, „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 5, ВРЕДИ/ВЛЕН освои 3, Демократската партија на турците во Македонија 2 и Коалицијата предводена од СДСМ едно место. Носителот на листата од коалицијата ВРЕДИ/ВЛЕН, Башким Хасани се откажа од мандатот заради конфликт на интереси и неговото место го зазеде Аљбин Дерала. Поради недоволна излезност на гласањето во Гостивар за градоначалник, изборите ќе се повторат.

 

 

Нови советници со мандат од 4 години се:

ВАЛДЕТ ЏАФЕРИ (НАИ)

САДРИ САЛИУ (НАИ)

ЌАМИЛЈЕ ЏЕЛИЛИ (НАИ)

ДЕМИРАЛИ ШАИНИ (НАИ)

ГЗИМ АМЗАИ (НАИ)

ЏАРИЈЕ АЛИЛИ (НАИ)

САБЕДИН САЛАХИ (НАИ)

НАМИК ДУРМИШИ (НАИ)

АРЗА НЕСИМИ БАЈРАМИ (НАИ)

АРБЕНА СЕЛМАНИ (НАИ)

ШПРЕСИМ ТАИРИ (НАИ)

ФИТОРЕ ИСМАНИ (НАИ)

МАРТИН АНДОНОВСКИ (ВМРО – ДПМНЕ)

ВЛАДИМИР НАНЧЕСКИ (ВМРО – ДПМНЕ)

ДАНИЕЛА ТРПЕСКА (ВМРО – ДПМНЕ)

БРАНКО ЈОНЧЕВСКИ (ВМРО – ДПМНЕ)

КАТЕРИНА БОЖИНОВСКА (ВМРО – ДПМНЕ)

БАШКИМ ХАСАНИ (ВЛЕН)  АЉБИН ДЕРАЛА

АЛУШ АЛИЛИ (Коал. ВЛЕН)

ЕМИНЕ СИНАНИ (ВЛЕН)

ШЕРАФЕДИН БЕБА (ДПТ)

ЕНЕЗ МУСЛИЈИ (ДПТ)

БОЈАН ЗАФИРОСКИ (СДСМ)

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar