D’Reamers со десеттиот сингл „Таа“ го заокружи првиот албум (ВИДЕО)

Гостивар, 20 ноември 2025 – Македонскиот бенд “D’Reamers” го издаде најновиот сигл со наслов „Таа“. Оваа песна е десетта во низата со што се заокружува материјалот за нивниот деби-албум, кој наскоро ќе ја доживее и официјалната промоција. Веќе од денес, синглот се врти на фрекфенцијата 106,4 на Radio G и е поставена на сите музички платформи.

Песната „Таа“ има силен авторски печат: текстот е дело на Синиша Карафилоски, а вокалната изведба на Јордан Џејмс Ивановски. Во конечното обликување како аранжери се јавуваат нивните докажани партнери во проектот Дамир Пух и Наташа Миха. Продукцијата и финалниот микс се реализирани во „GreenRoom Sound Studio“, кое стои зад карактеристичниот и зрел звук на нумерата. Ова песна има неодолив шарм и се „лепи за уво“ на прва, па така со својот рок призвук се наметнува како голем радио хит.

Промоцијата на новата песна ја следи и видео-спот, во кој се појавува познатото лице од актерската сцена – актерката и уметник Ирина Кузевска. Нејзината појава во видеото дополнително ја збогатува визуелната приказна на песната.

Од дуото D’Reamers уште велат дека „Таа“  го потврдува нивниот препознатлив стил и посветеност за да се комплетира изборот на нумери за албумот чија официјлна промоција, музичката јавност и фановите со нетрпение ја очекуваат. Во бендот интензивно работат на подготовките на датумот на објавување, за што со задоволство ќе информираме.

Во меѓувреме погледнете го и видеото кое патем речено е извонредно.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar