Започна реконструкцијата на две улици во Гостивар

Гостивар, 13 март 2026 (МИА) – Гостиварскиот градоначалник Ваљбон Лимани и неговите соработници, по теренските посети ги најави работите на реконструкцијата на две улици со должина од еден километар.

– Станува збор за реконструкција на две улици во населбата Леска: „Драге Тодороски“ со вкупна должина од 720 метри и „Момир Марковски“ со должина од 280 метри. Со овој инфраструктурен зафат значително ќе подобрат условите на жителите во овој дел на градот, рече Ваљбон Лимани, градоначалник на општина Гостивар.

Вредноста на овој градежен зафат е над двесте илјади евра и предвидува замена на асфалатниот слој и уредување на тротоарите. Градоначалникот Лимани најави дека идната недела ќе продолжи започнатата реконструкција на најголемата сообраќајница во градот булеварот „Браќа Ѓиноски“.

згм

фото МИА

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar