Велигденски концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“

Гостивар, 9 април 2026 – Членовите на градското аматерско културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ синоќа го одржаа традиционалниот Велигденски концерт.

Програмата која беше изведена во чест на православниот празник Велигден, на Велики четврток во Центарот за култура „АСНОМ“ и обилуваше со народни песни и ора. Овој концерт ги носи пораките за љубов и заедништво, а како настан е своевиден доказ за негувањето на македонскиот фолклор и истрајноста да се развива и пренесува на идните поколенија.

   

Покрај традиционалните настапи и кореографиите на игроорците и солистите пејачи, годинава имаше кратка хумористична едночинка „Прочка“ која на почетокот на концертот ја изведоа основците од ООУ „Гоце Делчев“.

Годинава, од ГАКУД „Браќа Ѓиноски организираа и кратка работилница намената за најмладите. Тие учеа и се беа вклучени во процесот на бојосување/вапцање на јајцата кои подоцна беа подарени на посетителите на концертот. Велигденскиот концерт го организираше НУ Центар за култура „АСНОМ“.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar