Гостиварскиот центар празнично украсен за Велигден
Гостивар, 10 април 2026 – Гостиварскиот плоштад е украсен со празнични орнаменти и декорации во пресрет на православниот празник Христовото воскресение – Велигден. Покрај улицата „Илинденска“ украси се поставени и на плоштадот околу храмот „Успение на Пресвета Богородица“.
Украсувањето е иницијатива на локалната самоуправа, која отскоро започна да го разубавува градското централно подрачје во пресрет на верските празници. На овој простор, претходно беа поставени украси и светилки за време муслиманскиот празник Рамазан и за новогодишните празници.
– На ваков начин сакаме да испратиме порака дека во нашиот град се почитуваат различностите, а соживотот и заедништвото на нашите граѓани да дојде до израз. Освен тоа, ова придонесува и во создавањето на празнична атмосфера, наведуваат од службата за информирање на општина Гостивар.

Коментарите се затворени.