Влатко Стефановски: Јас сум скромен човек, но знам колку вредам!
Скопје, 7 мај 2026 – Денеска, точно напладне во „Холидеј ин“ во центарот на Скопје, се случи една од најмасовно посетените промоции кај нас со претставувањето на двата нови албума на Влатко Стефановски, што ги издаде за дискографската куќа „Кроација рекордс“.
Станува збор за „Guitar Sings“ и „Muscle Memory“, во чие претставување учествуваа и претставничките на „Кроација рекордс“ од Загреб, уредничката Клаудија Чулар и извршната директорка Маја Видмар-Клариќ, кои го претставија и винилното реиздание на албумот „Путујемо“ од 1989 година. Двата нови носачи на звук на Стефановски наскоро ќе бидат објавени и како плочи.

Претставникот на „Кроација рекордс“ за Македонија, Иван Беќковиќ, ја отвори промоцијата, нагласувајќи дека според големиот интерес за овој настан и присуството на голем број новинари, пријатели и почитувачи на Влатко Стефановски, не само од Скопје, туку и од целата земја, ова е сѐмакедонска промоција на новите носачи на звук на големиот музичар. И министерот за култура и туризам Зоран Љутков дојде на промоцијата, како и голем број познати јавни личности.
– Големо е задоволство што го имаме Влатко Стефановски во „Кроација рекордс“, неговата виртуозност е хипнотизирачка, а желбата постојано да истражува и да се надградува е доказ дека тој е музичар кој го ослошнува времето во кое живее и работи повеќе од половина век – изјавија претставничките на најголемата доскографска куќа во регионот, која догодина ќе одбележи 80 години постоење.

Од своја страна Стефановски им се заблагодари на долгогодишната поддршката на сите знајни и незјани фанаови, пријатели, соработници…
– Ви благодарам што дојдовте во толкав број и покажувате континуиран интерес за она што го работам. Благодарност и до „Кроација рекордс“, која покажува интерес за се што се создава во моето студио. Мислам дека ако им кажам да објават албум со тишина и тоа ќе го прифатат. А што се однесува до мојата музика, јас истовремено свирам музички парчиња блиски до прогресив рок, но имам потреба некогаш да напишам некоја балада блиска до рок и поп музиката Оваа моја подвоеност е добра за мене како автор на музика и текстови, но и како иснтрументалист. Јас сум гитарист кој пишува поезија, но и поет кој виртуозно свири гитара. Овие два мои принципа добро се надополнуваат, бидејќи истовремено создавам хитови, свирам и бравури и и нудам на публиката шаренило што е доста интригатно. Јас сум скромен човек, а од друга страна знам каде сум стигнал, што сум направил досега, колку вредам – рече Влатко.

Тој откри дека досега снимил 39 албуми, што е навистина за почит. Албумот „Тафталиџе шафл“ се роди пред шест години, за време на ковидот, а на музиката на „Muscle memory“ Стефановски работел четири години.
Тој им се заблагодари на музичарите со кои соработувал: Звјездан Ружиќ на мелотрон, Дамир Имери на клавијатури, Горан Папаз на саксофон, како и на членовите на неговото трио со кое настапува веќе шест години, синот Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас-гитара.
– Горд сум на мојата ритам секција и секогаш ги најавувам и трипати за време на концерт, син ми Јан Стефановски, кој слободно можам кажам прерасна во врвен тапанар и извонредниот Иван Кукиќ на бас – рече тој.
Од новите проекти беше споменат и инструменталниот албум „Guitar Sings“, на кој Стефановски на гитара интерпретира 10 најпознати песни на композиторот Ѓорѓе Новковиќ, реализиран во соработка со Лондонскиот симфониски оркестар. Проектот е снимен во легендарното лондонско студио „Еби роуд“ (Abbey Road студио) во кое работеле „Битлси“ и други светски познати музичари.

На 2 и 3 јуни ќе се случи и промоција на мјузиклот „Као какао“, работен на текст на Венко Андоновски, на музика на Стефановски, создавана низ годините и во режија на Дејан Пројковски.
Промоцијата заврши со звуците на големиот хит „Чукни во дрво“, од албумот „Путујемо“ објавен во 1989 година, што Влатко ја отсвире на акустична гитара, пеејќи заедно со сите присутни.
Марија Таушанска
Фото: Тони Цифровски и Боро Грдановски
Коментарите се затворени.