Казнети 32 гостиварци за неносење маски, во излоција нови 35 лица
Гостивар, 12 март 2021 Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на СВР Тетово за периодот (11.03.2021-12.03.2021) за неносење заштитни маски на вкупно 32 лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Во овој период на гостиварското подрачје на 35 лица изготвени им се нови решенија за изолација од Државен санитарен инспекторат, а контроли им биле извршени на 238 лица со вакви решенија. При тоа
не било констатирано непочитување на решенијата.
Во периодот од 22 часот на 11 март до 5 часот на 12 март 2021 година на подрачјето на СВР Тетово не е регистриран ниту еден случај на кршење на владината одлука за целосна забрана за движење на граѓаните, односно на полицискиот час.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.