ДУИ ги претстави кандидатите за советници и градоначалник на Гостивар

Гостивар, 30 септември 2021 Демократската унија за интеграција синоќа во Гостивар ги претстави кандидатите за советници и за градоначалник на претстојните локални избори. Градоначалничкиот кандидат Невзат Бејта во своето во центарот за култура „АСНОМ“ искажа задоволство што на овие избори ќе ја бара довербата со поддршка на граѓанска иницијатива.

– Иницијативата „Гостивар кој го сакам“ ги обедини мене и ДУИ, за да се направи општината подобро место за живеење. А тоа е единствената цел и единствената задача на локалната власт. Во верував и кога бев градоначалник и ќе биде мое убедување и заложба кога ќе бидам повторно избран за градоначалник. Ќе им служам на граѓаните и градот со неуморна работа и со целосна посветеност, рече кандидатото за градоначалник Бејта.

Тој напомена дека е горд на соработката за која како што нагласи е спој на нови, свежи граѓански идеи и искуство и структурата на ДУИ.

Во обраќањето на промоцијата, Бејта ги напомена главните столбови на неговата предизборна програма во која се опфатени: урбаниот развој, инфраструктура и подобрување на квалитетот во комуналните услуги, подоброување на условите во образованите институции, сферата на социјалната заштита и сработка со граѓанскиот сектор за родова еднаквост.

За актуелните проблеми со кој се соочува гостиварската општина, како депонијата Русино, големиот број на бездомни кучиња и казина, ќе се решаваат во соработка со централната власт. Тој најави уредување на јавните површини и зеленилото, нов мост и подобрување на комуналната инфраструктура.

На промоцијата зборуваше и Таљат Џафери партискиот координатор за 6 ИЕ и кандидатити за советници.

згм

Коментарите се затворени.