Невзат Бејта го обвини Таравари дека дозволува и наплаќа за депонирање на смет по диви депонии
Гостивар, 9 октомври 2021 Кандидатот за градоначалник од редовите на ДУИ, Невзат Бејта го обвини неговиот противкандидат дека не води грижа за животната средина на подрачјето на општина Гостивар. На прес конференција во месноста Рудина на локалниот пат Чегране-Корита тој покажа документ, со кој како што кажа се открива скандал со кој се докажува корупција во локалната самоуправа. Спред него, документот излегол на виделина по вчерашната контрола на инспекторите на Министерството за екологија.
-Таравари како надлежен орган не само што не ја исчисти оваа депонија, уште полошо, тој и неговите луѓе очигледно имаат и материјална корист од овој криминал на животната средина Имаме докази, уплатници, издадени од месната заедница Чегране, кои се докажува дека на жителите им се наплаќа надомест за фрлање отпад во оваа дива депонија. Ова не е само злосторство против животната средина, овој случај покажува силни докази за корупција. Имам долгогодишно искуство како градоначалник, едно знам сигурно, нема никаков начин, како да ги внесете овие такси во службеното сметководство на општината, рече Бејта.
Тој побара од Таравари јавно да одговори: Зошто не е исчистена дивата депонија близу Чегране; зошто се земани пари од граѓаните за да фрлаат отпад на дива депонија; зошто таа такса е поефтина од депонирање на отпадот на регуларно место; каде одат тие пари?
Бејта ги повика надлежните институции да го расветлат овој случај и вети дека веднаш по преземањето на функцијата градоначалник, ќе ги исчисти сите дивимдепонии на територијата на општина и ќе ја направи Русино депонија според европски стандарди.
згм
Коментарите се затворени.