Советниците на СДСМ ќе се залагаат за изградба на игралиште во населбата Циглана
Гостивар, 10 октомври 2021 Советничката група предводена од СДСМ во Советот на општина Гостивар, ќе се залага за отпочнување и реализирање на проект за изградба на функционално повеќенаменско игралиште. Со тоа би се решил проблемот на младите од населба Циглана. Ова во видеопорака го изјави Роберт Бошкоски кандидат за советник од листата на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
– Населбата Циглана која важи за една од поголемите во градот, нема спортско игралиште, каде што младите би го користеле нивното слободно време. Советничката група предводена од СДСМ во Советот на општина Гостивар, ќе се залага за отпочнување и реализирање на проектот за изградба на функционално повеќенаменско игралиште, со што би се решил еден долгорочен проблем, рече Бошкоски.
Тој останатите кандидати го посетија местото кое е предвидено за мал спортски центар и напомена дека изградбата е реална ако за тоа постои искрена и посветена заложба и работа во Советот на општина Гостивар.
Коментарите се затворени.