ДУИ Гостивар: Со преземање на власта започнуваме со чистење на дивите депонии
Гостивар, 11 октомври 2021 Кандидатите за членови во општинскиот совет од граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“ и Демократската унија за интеграција (ДУИ) во предизборните активности, денес се осврнаа на проблемите со депонирањето на сметот во општина Гостивар.
Состојбата ја оценија како алармантна и најавија дека по победата на локалните избори прв приоритет ќе им биде чистење и уредување на просторите каде се создадени диви депонии. Кандидатот за советник, Газменд Рамадани предупреди на опасноста од дивата депонија во месноста „Кораби“ во атарот на селото Здуње каде одржа прес конференција.
– По пријавата за создавањето на дивата депонија во селото Чегране, денес сме пред вас да ја осудиме и предупредиме на дивата депонија „Русино 3“ во селото Здуње. Нема да апелираме до Таравари да преземе мерки за чистење на дивите депонии, бидејќи има уште едена недал на власт и нема време. Но, ве уверуваме дека ДУИ на чело со следниот градоначалник, Невзат Бејта по победата на 17 октомври, прв приоритет ќе биде итно започнување со чистење на дивите депонии, рече Рамадани.
Тој се осврна и на состојбата со регионалната депонија Русино, за која нагласи дека не исполнува никакви стандарди за да функционира и за тоа вината ја посочи кон актуелното општинско раководство кое изминативе четири години не го решила тоа прашање.
– Таравари не успеа да најде решение за депонијата Русино, дури стимулираше создавање други слични на неа. Не можеме да дозволиме нашите населби да се претворат во диви депонии. Сведоци сме дека диви депонии има во речиси секоја населба на територијата на општина Гостивар, додека во депонијата Русино отпад фрлаат сите општини од Полошкиот регион. Не сме против нив како наши соседи, но ред мора да се воспостави, подвлече Рамадани.
Коментарите се затворени.