Почна предизборната кампања за повторените избори за градоначалници

Гостивар, 22 декември 2025 – Предизборната кампања во четири општини започнува од денес, што е согласно со Роковникот за повторените избори за градоначалници. Изминативе денови истекоа и роковите за увид во Избирачкиот список (до 20 декември) и пријавувањето на кандидати. Според законските прописи, оваа кампања ќе трае три недели односно до 9 јануари, по што ќе следува предизборниот молк. Гласањето ќе одвива на 11 јануари.

Повторените избори за општините Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше откако по првиот круг на локалните избори од 19 октомври немаше доволна излезност за избор на градоначалник.

Да потсетиме, во општина Гостивар одзивот на гласачите изнесуваше 33,31 проценти. Во Маврово и Ростуше излегоа 30, 31, во Врапчиште 25,18 проценти, во Центар Жупа – 21,49 проценти.

Во трка за градоначалник на општина Гостивар ќе бидат двајца кандидати, Ваљбон Лимани кој ја има поддршката од коалицијата НАИ (ДУИ и Алијанса на Албанците од крилото на Арбен Таравари) и Невзат Бејта како избор на коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar