Бејта ветува решавање на проблемите со дивите депонии, бездомните кучиња и казината

Гостивар, 12 октомври (МИА) Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар, Невзат Бејта во рамки на предизборната кампања најави дека по преземањето на локалната власт ќе се зафати со решевање на комуналните проблеми, за кои како што рече, неговиот против кандидат не ги решил изминативе четири годи. Како приоритет тој ги расчистување на дивите депонии, големиот број на бездомни кучиња и отстранување на казината кои се во близина на образовните институции.

– Градоначалникот во заминување не се погрижи за овие работи. Пред четири години вети дека ќе го ослободи градот од кучињата скитници, вети дека ќе ги отстрани казината од центарот на градот и вети дека ќе го реши најитниот проблем како Русино во првите шест месеци од неговиот мандат. Четири години подоцна, тој се повеќе создава нови депонии низ градот и ја влоши состојбата. Вети и не исполни дека ќе се ја среди состојбата со казината и бездомните кучиња. Таравари ја имаше својата шанса, сега е време да ги надоместиме загубените четири години со напорна работа и целосна посветеност.Јас, заедно со мојот нов тим, сме подготвени тоа го решиме, рече Бејта на прес конференцијата која одржа во на патот кон селото Симница, каде укажа на постоење на дива депонија.

Тој напомена дека има решение за проблемите, бидејќи ја има поддршката на централната власт, со што како што рече за време на новиот мандат ќе направи модерна инфраструктура и безбедна средина за граѓаните на општина Гостивар.

згм

Коментарите се затворени.