Фадиљ Зендели: Имаме програма која ќе го промени градот за доброто на сите граѓани
Гостивар, 12 октомври 2021 Предизборниот карван на политичката партија „Движење Беса“ предводен од кандидатот за градоначалник на општина Гостивар Фадиљ Зендели оствари низа средби со граѓаните и на непосреден начин ја претстави прогарама со која настапува на овие избори.
Зендели ја посети регионалната канцеларија на коморота на занаетчии и разговараше со првиот човек на комората Љулзим Османи. На средбата било дискутирано за проблемите со кои се соочуваат занаетчиите во регионот. Зендели напомена дека ќе се ангажира за развојот на занаетчиството и подобри услови за опстојување на занаетчиите.
Вечерва кандидатот за градоначалник Зендели заедно со носителот на листата Дашмир Арифи и заменик министерот за образование, Арафат Шабани во ценатрот за култура „АСНОМ“ одржаа предизборен собир со жителите на наслебите „шеста“ и „седма“ зона.
– Со граѓаните разговаравме за моментната состојба и заеднички оценивме дека се неопходни промени и со општината да раководат стручни луѓе. Програмата што им ја нудиме на граѓаните за Гостивар е програма која ќе го промени градот за доброто на сите граѓани!
Во рамки на предизборните активности, кандидатот за градоначалник со кандидатот за советник Џеваир Мифтари, беа во посета на Србиново, Падалиште, Трново и Лакавица.
Коментарите се затворени.