Советничката група на СДСМ ќе се залага за модерна инфраструктура

Гостивар, 14 октомври 2021   Во последното видео обраќање, првиот човек на ООСДМ и носител на листата на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ Станиша Матески најави дека советничката група на СДСМ ќе се залага за модерна инфраструктура и за како што потенцира, да  се стави крај на хаосот.

Тој во обраќањето нагласи:

-Посебен акцент ќе ставиме на: реконструкција на улиците во  централното градско подрачје, посебно обновување на улиците, на влезовите во градот и улиците во населбите низ цело градско и приградско подрачје, рече Матески.

Како членови на советот на општина Гостивар ќе се залагаат градот да се ослободи од бездомните кучиња и проширување на капацитетот на постоечките стационари.

Во поглед на хигиената, идните советници ќе работат на проблемот со депонијата Русино и хигиената во градот. Матески најави претварање во безбедна и уредна депонија според сите еколошки стандарди. Посебен фокус ќе се стави на чистење на градот од отпад како и поставување на соодветни канти за сортирање на отпадоци низ сите градски и приградски населби

Во програмата на СДСМ е повеќе зеленило и целосен опфат на кејот на реката Вардар со патеки за велосипеди, патеки за трчање изградба на неразвиениот дел од паркот.

видео обраќање на Станиша Матески

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar