Матески: Со број 12 за советничката листа на СДСМ и Коалицијата, општина Гостивар конечно ќе тргне напред
Гостивар, 14 октомври 2021 Станиша Матески, носител на листата на СДСМ и коалицијата во обраќањето на митингот на градскиот плоштад Матески најави дека советничката листа која ја предводи наредните години ќе се бори за реализација на многу проекти, меѓу кои и реконструкција на спортската сала „Младост“ со поставување на фотоволтаични панели, проширување и целосно реновирање на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“, реконструкција на сите детски градинки и изградба на нова градинка во населбата Млаки.
Тој зборуваше за проблемите кои го мачат населението и вети дека советничката група на СДСМ ќе се залага за дислокација на регионалната депонија и изградба на подземни контејнери, како и одржување и зголемување на зелените површини, за почиста околина и почист воздух.
– Нашите гостиварчани и гостиварчанки заслужуваат за градот да се грижат лица кои не се водат од сопствените себични, и лични интереси, затоа во недела заокружете го бројот 12 да го изберете најдоброто на нашата општина. За нашиот Гостивар, затоа што Гостивар, како град на пример за соживотот заслужува конечно да тргне напред, повика носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата за општина Гостивар Станиша Матески.
Во недела граѓаните ќе го кажат своето, ќе и дадат ветер во грбот на својата земја, ќе ја поттурнат напред и ќе им го покажат грбот на деструктивните сили, секој го гледа нашиот труд последниве години за да ја унапредиме државата и квалитетот на животот, порача вечерва од Гостивар претседателот на СДСМ Зоран Заев.
-Ние продолжуваме да инвестираме во секоја општина, во секое населено место. За да си ги задржиме младите во нивните општини.Искористете ја шансата и во недела одберете го Најдоброто за Гостивар. Гласајте за советничката листа и за бројот 12“ порача Заев.
Тој го критикуваше заедничкиот настап на две опозициони парти на овие избори
Мицкоски и Села се споија околу заедничката безидејност околу заедничката омраза кон другите. И затоа таа вештачка коалиција, тој брак од интерес ќе им се распадне уште во недела некаде околу полноќ, кога и двајцата ќе видат дека ниту членови на ВМРО-ДПМНЕ гласале за Алијанса за Албанците, ниту пак членовите на партијата на села гласале за ВМРО-ДПМНЕ. порача Заев.
Потпретстедателот на СДСМ Фатмир Битиќи во обараќањето на градскиот плоштад напомена дека СДСМ во изминатиот период покажа грижа за државата, за општините, за граѓаните.
– Економијата ни остана стабилна во најтешките моменти за време на пандемијата, така и ќе продолжиме, пари има кога се работи домаќински – на сите на кои ќе им треба помош, државата ќе им помогне, рече Битиќи вечера на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“ во Гостивар.
Коментарите се затворени.