Изјава на кандидатот за градоначалник на општина Гостивар Фадиљ Зендели

Гостивар, 17 октомври 2021 (МИА) Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од редовите на политичката апртија „Беса“, Фадиљ Зендели на на гласање излезе со семејството и по извршувењето на граѓанската должност порача граѓаните да покажат капацитет за демократска вредност

– Денес граѓаните на нашата општина имаат можност да се изјаснат и да го дадат нивниот глас, со што ќе определат кој ќе владее наредните четири години со општина Гостивар. Секако, гласањето е право и обврска. Обврска затоа што одлучуваат што ќе се случува наредните четири години. Се надевам дека денешниот ќе биде мирен и ќе помине во демократска атмосфера. Граѓаните ќе се изјаснат онака како што мислат и сите ние заедно ќе покажеме капацитет и демократски вредности и дека можеме да се соочиме со вакви предизвици како што локалните избори.

згм

Коментарите се затворени.