Таравари доби поддршка од Демократскиот сојуз на ромите
Гостивар, 27 октомври 2021 Политичката партија Демократски сојуз на ромите ќе го поддржи кандидатот на Алијанса за албанците и Алтернатива на изборите на 31 октомври. Според партиски извори ДСР по првиот круг имало средба на партиските претставници и била догворена соработка.
Договорот за соработка го објави и актуелниот и кандидат за градоначалник Арбен Таравари.
ДСР во првиот круг настапи со советничка листа и освои 850 гласа и едно место во општинскиот совет
Таравари на последната прес-конференција појасни дека освен оваа соработка, Алијанса ќе ги поддржи кандидатите на Движењето Беса во општините Тетово и Желино и очекува оваа поддршка Алијансата за Албанците да ја добие во општините каде имаат свои кандидати во вториот круг.
Коментарите се затворени.