Хисен Шабани: Граѓаните одлучуваат кој е подобар
Гостивар, 31 октомври 2021 (МИА) Кандидатот за градоначалник на општина Врапчиште од редовите на коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива и актуелен градоначалник, Хисен Шабани по остварувањето на гласачкото право ги повика граѓаните од оваа подашрпланинската општина на поголема масовност.
– Го скористив правото на глас како и сите други граѓани. Апелираме да има мирен и демократски изборен процес, а воедно до граѓаните да излезат што помасовно. Посакувам да победи најдобриот, додека граѓаните со својата глас ќе решат кој е најдобар, изјави Шабани.
Тој најави дека по изборите ќе се продолжи со реализација на тековните проекти, како започнатата санација на локални патишта, формирање на противпожарна служба и отворање на Центар за аутизам.
згм
Коментарите се затворени.