Влатко Стефановски сними нов албум во култното Abbey Road Studios

Гостивар, 21 октомври 2024 – Гитаристот Влатко Стефановски, годината во која одбележува 50 години кариера ќе ја памети и по својата лондонска авантура. Распродадениот клуб Dingwalls 2 во лондонскиот кварт Камден и снимањето во легендарното студио Abbey Road се содржани во неговиот петдневен престој со тимот на Croatia Records.

Новиот проект кој беше успешно реализиран опфати снимање во Abbey Road Studio Three во кое Влатко Стефановски со Јан Стефановски на тапани и Тихомор Хојсак на контрабас снимија дваесет и две песни меѓу кои и Where My Guitar Gently Weeps, на легендарните Битлси. Песната е избрана токму како посвета на просторот и дел од историјата што го одбележа ливерпулскиот квартет.

– Нашето лондонско искуство полека се заокружува. Имавме пет магични денови. Во култното студио Abbey Road, ги посетивме сите ходници, ги видовме сите инструменти и, да кажам, светите места каде што работеа Битлси. Во Abbey Road Studio Three пеев на микрофонот на кој еднаш пееше Ејми Вајнхаус. Тоа е голема мотивација да снимаме на вакво место, па го прославивме трудот и енергијата што ги оставивме во студиото во мензата каде што седеа Битлси и многу други музичари, вели Влатко Стефановски, сè уште под импресии од минати настани.

Тон мајстор беше Горан Мартинац вели дека местото е огромна мотивација, а исто така е и ретко искуство и смета дека е успех да се снимат 22 песни за два дена.

– На крајот сè заврши еуфорично, па го прославивме трудот и енергијата што ги оставивме во студиото во кантина каде што седеа Битлси и многу други музичари“, дополни Влатко Стефановски.

Vlatko Stefanovski Trio u Dingwalls-2, 20.oktobar 2024.

Распродадениот клуб Dingwalls 2 беше дополнителен мотив за ова трио да го даде својот максимум на концертот, а публиката на најдобар можен начин им возврати. Задоволството од музиката беше обострано.

– Концертот беше незаборавен. Публиката пееше во еден глас со нас. Дома се враќаме уморни, но крајно задоволни и благодарни на тимот на Кроација рекордс што ни го овозможи ова музичко патување, вели Стефановски.

Ексклузивноста на еден ваков специјален проект да биде комплетен се погрижи видео тимот на Croatia Records, кој ги документираше снимањето на албумот и концертната атмосфера.

Влатко Стефановски е познат инструменталист кој ја одбележа музиката на екс  -ју просторот. Тој беше водач на групата Леб и сол, а потоа преку неговите соло проекти и соработките со многу други големи музичари ја кради кариерата. Тој, накусо е вистински македонски музички амбасадор и жива легенда.

Последниве години најчесто настапува со синот Јан на тапани и Иван Кукиќ на бас, под името Влатко Стефановски Трио. Со преку 15-ина самостојни албуми и бројни филмски и театарски проекти, Влатко ја покажа својата неверојатна способност да обединува различни музички жанрови и уметнички изрази.

Стефановски е автор на музика за три современи балети и седумнаесет играни филмови. Од особена важност е неговата соработка со Лондонскиот симфониски оркестар. Најновата, лондонска авантура ќе има посебно место во неговите мемоари.

Vlatko Stefanovski Trio u Dingwalls-2, 20.oktobar/listopad 2024.

Фото: Зоран Веселиновиќ

Коментарите се затворени.