„Општествените правила“ на Миа и Влатко оживеани на скопските улици (ВИДЕО)

Гостивар, 30 октомври 2024 – Хрватската пеачка Миа Димшиќ го објави спотот за темата Општествени правила („Društvena pravila“,), снимена во соработка со легендарниот гитарстот Влатко Стефановски. Видеото е снимено низ шармантните скопски улици. Спотот за песната зрачи со урбана естетика која во комбинација со стиховите на Миа создава атмосфера на личен отпор и размислување за општествените норми. Режијата ја потпишува Ива Чаиса од „Croatia Records“, зад камерата се најде нашиот Александар Ристовски, додека Дамир Бачиќ е извршен продуцент на спотот.

За престојот во Скопје, Миа вели: „Снимањето на спотот во Скопје беше прилика добро да го запознам градот, но пред се одлично се забавував. Со Ива Чаиса како режисер и Александар Ристовски зад камерата, го изодев градот долж и попреку.Го посетив и студиото на Влатко Стефановски, кој се појавува на крајот од видеото. Македонците се прекрасни луѓе и се надевам дека во иднина ќе има повеќе можности за посета на Македонија. Горда сум на песната Општествени правила и се надевам дека овој спот ќе и даде дополнителна димензија“.


Преку текстот и изведбата, Миа храбро ги истражува површните непишани правила и предизвикот на конфронтирачките конвенции. Новиот сингл ја открива нејзината бунтовничка страна, фокусирајќи се на притисоците и цензурата со кои многумина се соочуваат. Песната „
Општествени правила, според која е насловен нејзиниот најнов албум во издание на Croatia Records, критички ги осветлува нормите кои самата Миа ги доведува во прашање, а овој искрен пристап ја истакнува како глас кој не сака да остане неслушнат.
Општествените правила“ носат звук од дури три студија – White Stone Productions во Риека, Croatia Records во Загреб и студиото на Влатко Стефановски во Скопје.


Тука може да се погледне спотот:



Коментарите се затворени.