Кики Рахимовски и една фатална жена, снимаа спот во Куклици

Гостивар, 12 мај 2025 – Кики Рахимовски го сними спотот за насловната песна од неговиот најнов албум „Дупли загрљај“ (двојна прегратка) на локацијата и во амбинетот на живописниот археолошки локалитет Куклици (Кратовско). Новото дискографско издание на Croatia Records, го потпишува неговиот менаџер и композитор Саша Драгиќ.

Со изборот на локацијата, Кики се враќа во земја на своите предци, земја на неговиот татко Аки Рахимовски, легендарниот пејач на Парни ваљак. Куклици е локација која според традицијата, ја крие легендата за скамената свадбена веселба, за младоженците Стојан и Стојна.

Овој пат во спотот, кој го потпишува видео продукцијата на искусниот Александар Ристовски Принц. Според сценариото на спотот, не станува збор за свадбената легенда, па освен Кики се појавува и една фатална црнка. Станува збор за убавата манекенка Мила Драговиќ, чиј мистичен изглед на ова видео му ја дава потребната интригантност. Покрај нив двајца, во видеото ќе ги видиме и Саша Драгиќ, како и Емил, тапанарот на бендот Бело копче – Tribute to Bijelo dugme.

Спотот за „Дупли загрљај“ е во фаза на монтажа, а фановите на Кики Рахимовски ќе можат да го погледнат заедно со објавувањето на истоименото це-де, кое официјално ќе излезе на пазарот на 19 мај. Овој албум веќе им е достапен на фановите на сите релевантни платформи и музички сервиси.„Дупли загрљај“ е богата колекција песни, создадени во повеќегодишното музичко творештво на Кики, а секоја од нив носи емоции кои неговата публика нема да ја остават рамнодушни. Зборувајќи за новиот албум, Рахимовски истакнува:

– Во изминатите три години пишував некои песни под голем притисок и процесот на пишување не беше лесен – па морав да најдам мир за да продолжам понатаму. Овој албум им го посветив на моите родители, од лични причини. Имам дваесетгодишна музичка кариера полна со подеми и падови и сето тоа ме изградува. Албумот го нареков „Двојна прегратка“. Зошто? Двојна прегратка во љубовта, првата е нежна, а втората не го испушта саканиот. Затоа е двојно затоа што другиот може да ги промени работите – вели Кики Рахимовски.

Новиот албум на Рахимовски содржи десет песни кои носат музички зрели приказни за љубовта, интроспекцијата и блискоста – сето тоа Кики без напор со години го преточува во музика и текстови.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar