ОСТУ Гостивар: завршна церемонија на генерацијата 2021-2025 (ВИДЕО)
Гостивар, 23 мај 2025 – Учениците од генерацијата 2021-2025 со церемонијата на традиционалното фрлање на шапките неофицијално означија крај на средношколските денови и стручното образование. Холот на популарното „индустриско“ денес беше претесен да ги прими сите 220 матуранти, нивни роднини и гости.

И оваа година училишната управа ги прогласи и награди учениците на генерацијата: Илза Адили, Кристина Митревска и Семих Синани. Пофалници за постигнатите успеси добија: Мал Зендели, Генц Селими, Анеса Ибиши, Гајур Салихи и Љутви Дурмиши (од паралелките на албански јазик), Ангела Силјаноска, Виктор Маркоски, Николај Ефтоски, Марина Кулеска и Игор Петрески (од паралелките на македонски јазик) и Тунџај Шуапи, Мерт Идризи, Хакан Селман и Убејт Хусеини (паралелки на турски јазик). За постигнати спортски резултати пофалници добија Џунејта Инрахими, Јанко Серафимоски и Азам Хасан.
Честитки за постигнатите успеси и среќа во понатамошното школување покрај раководството на ОСТУ, учениците добија и од одговорната за образование во општина Гостивар, Аслијан Снопче.
повеќе фотографии од настанот очекувајте на ФБ профилот
https://www.facebook.com/groups/635775916502556
Коментарите се затворени.