Одбележани 80 години од смртта на Чеде Филиповски

Гостивар, 30 јуни 2025 – Делегации на политички партии, здруженија на граѓани и почитувачи на Народно ослободителната војна (НОВ) со положување на цвеќе и едноминутна почит одбележаа 80 години од погибијата на народниот херој Чеде Филиповски-Даме. Чествувањето, започна со собир пред споменикот на градскиот плоштад во организација на гостиварскиот ОО на сојуз на борци.

Пригоден говор имаше претседателот на гостиварската боречка организација, Радислав Ѓиноски кој потсети на револуционерниот пат не еден од најпознатите борци во Втората светска војна од гостиварскиот крај.

Чеде Филиповски е роден во 1923 година во село Ниќифорово и како младо момче на 14 години заминува на печалба во Белград. По фашистичката окупација се враќа во родниот крај и започнува со револуционерна активност. За време на воените години тој се стекнува со значајни функции во партизанското движење, а бил и делегат на Првото заседание на АСНОМ, како претставник од гостиварскиот крај. По ослободувањето завршил виша воена академија во Белград. Загинува на 22 години во сообраќајна несреќа кај Радовиш на 26 јуни 1945 година кога се возел со мотоцикл на патот Штип – Струмица. За народен херој прогласен 1949 година.

 

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar