Учебната година започна за 520 првачиња и над десет илјади ученици

Гостивар, 1 септември 2025 – Првиот учебен ден во гостварската општина започна со запишани 520 првачиња и околу десет илјади ученици во средно и основно образование. На првиот час во ОУ „Единство-Башкими“ со првоодделенците беше и вд градоначалникот Ваљбон Лимани, кој со скромни подарци им го честиташе почетокот на школувањето. Лимани во изјавата по настанот посочи дека новата учебна 2025/2026 година денес започна навреме и дека за време на распустот училишните управи и локаланата власт работеле на подобрување на условите и непречено одвивање на образовниот процес.


– Изминатиов период беа направени значителни инвестиции во училишната инфраструктура. Беа заменети стари прозорци, поправани фасади, подови и други зафати кои ги прават условите за престој и учење подобри, рече Лимани.
Тој посочи дека наредниов период ќе се интензивираат работите за ставање во функција на фотоволтаиците во едно средно и едно основно училиште. Градоначалникот Лимани најави дека иницијативата за користење на обновливи извори на енергија ќе се прошири и на други училишта за да се намалат трошоците за енергија причините за загадувањето на животната средина.

 

 

Во општина Гостивар има четири средни училишта, десет централни основни училишта и уште толку подрачни во околните населби и села. Во нив се вработиени околу 1.200 наставници и друг придружен кадар.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar